Историјат

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКОВНА ОПШТИНА “СВЕТИ СТЕФАН”

ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИ: СОЗДАВАЊЕ, ОПСТОЈ И РАСТЕЖ

ПОЧЕТОЦИТЕ НА МПЦО “СВЕТИ СТЕФАН”

Според Службата за информирање на Македонската заедница во Холандија и нејзината архива која прибира податоци за активностите на Македонците во овој дел на
Европа, Македонската православна црковна општина “Свети Стефан” (понатаму во текстот МПЦО “Св.Стефан”) датира од 28 февруари 1999 година, кога Неговото
високопреосвештенство, митрополитот европски на Македонската православна црква (понатаму МПЦ) г.Горазд го направи осветувањето на црковната општина како организирана црковна структура во северниот град на Холандија – Гронинген.

Според документите кои ги поседуваме од првиот апел за овој црковен собир во Гронинген првобитното име на црковната општина беше МПЦО “Свети Архиѓакон Великомаченик Стефан” односно во скратена форма МПЦО “Св.Арх.Вмч.Стефан”.

Во велигденската покана (види прилог) од 2002 година името фигурира како МПЦО “Свети Стефан” со
отфрлање на светото титулирање “Архиѓакон Великомаченик”.

Прв претседател на МПЦО “Св.Стефан” е г.Боби Милески од Гронинген.

Прв извештај околу МПЦО “Св.Стефан” од Гронинген е објавен во македонскиот светски неделник “Македонско сонце” од авторот Гоце Дуртаноски. Извештајот го
објавуваме во целост:

5 март 1999  година, Гронинген,

Минатиот викенд, во неделата на 28 февруари во градот Горнинген, Холандија беше осветена македонската православна црковна општина “Свети Архиѓакон Вмч. Стефан”.

Чиночествувањето на оваа прва македонска црковна општина во Бенелукс го изврши Неговото високо  преосвештенство г.Горазд, митрополит европски, кој покрај светата литургија одржа и беседа за
православието и светиот архиѓакон Стефан уште наречен и првомаченик бидејќи тој е првиот страдалник за Христовата вера.

Во свечениот дел на програмата митрополитот европски г. Горазд се осврна на библискиот македонски народ, на патувањата на апостол Павле низ Македонија како
и стремежот на македонскиот народ за своја држава и црква, притоа потсетувајќи се дека целта се постигна и покрај маченичкиот и трнлив пат до неа: ” …овде,
во прекрасната Холандија чест ми е што имаме и македонска црковна општина, да се надеваме дека догодина ќе имаме и наша, македонска црква. Браќа и сестри, за многу години да е, и не ја заборавајте Македонија! Една е Македонија! За многу години! Амин!”

Како официјален претставник на државата Македонија присуствуваше и господин Петре Митев, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија во Холандија, кој во свечениот дел на програмата меѓу другото рече: Црковната општина и културниот клуб чувајте ги како придобивка од денес за идните генерации бидејќи овде денес почнувате една историја која ќе остане забележана со златни букви во натамошната историја на нашата аттковина Македонија!”

Од името на Светскиот македонски младински конгрес присутните ги поздрави генералниот секретар Гоце Дуртаноски воедно поздравувајќи го несебичниот гест на управата на МПЦО “Свети Арх.Вмч. Стефан” од Гронинген за влегување под духовна јурисдикција на мајката Македонска православна црква со што покажавме дека сме нераскинлив дел од православието и македонската држава”.

Во состав на МПЦО „Свети Арх.Вмч. Стефан„ формирано е културно друштво „Свети Стефан„ како потреба за поголемо организирање на Македонците во овој дел на
Холандија и поголема меѓусебна соработка. Добро организираната свеченост и прослава од управниот одбор на црковната општина планирано е да остане
традиција а за неколку години самите ветуваат дека ќе биде изграден храм во кој редовно ќе се одржува богослужба.

ПРОСЛАВА НА ВЕЛИГДЕН 2002 ОРГАНИЗИРАНА ОД МПЦО “СВ.СТЕФАН” ВО ГРОНИНГЕН

На 3 април 2002 година, во име на управата на МПЦО “Св.Стефан” од г. Боби Милески преку интернет мрежата на корисниците во Холандија (и надвор од неа) беше
упатена покана за прослава на Христовото воскресение – Велигден на 14 април 2002 година.

И овој црковен собир е забележан и објавен низ страниците на македонскиот светски
неделник  “Македонско сонце” од авторот Гоце Дуртаноски. Извештајот гласи:

14 април 2002, Гронинген

Повеќе од 200 верници од цела Холандија големиот христијански празник Христовото воскресение
– Велигден го прославија во најсеверниот град на Холандија – Гронинген каде
постои единствената Црковна општина во Бенелукс – “Свети Стефан”.

Под одлична организација на претседателството на Културното здружение “Свети Стефан” во состав госпоѓица Лиле Наковска, претседател, господин Орце
Стефановски, секретар и господин Боре Трајановски, благајник и Црковната општина (која го носи истото име) и нејзиниот претседател, господин Слободан – Боби Милевски, придонесоа овој собир да биде забележан како најуспешен досега.

Програматазапочна во 19.00 часот со поздравна реч на госпоѓица Лиле Наковска, претседател на Културното здружение, и господин Слободан Милевски, претседател на Црковната општина, кои упатија поздравно добредојде на сите присутни гости.

Прочитани беа поздравните честитки и телеграми од Амбасадата на Република Македонија во Хаг, Светскиот македонски Младински Конгрес пристигнати по повод Велигден, а точно во 20.00 часот со двеминутно молчење им се оддаде почит на сите знајни и незнајни паднати жртви на холандската држава (традиционален ден на мртвите) и почит кон жртвите на албанскиот тероризам во македонската држава.

Велигденска молитва и порака до верниците упати и прота Коста Станоевски од Македонската православна црква кој по повод овој голем христијански православен празник допатува од Македонија за да ги приближи Македонците поблиску до Христовото православно учење и вербата во Господ-Бог.

За прекрасната музика која направи сите присутни да се фатат на големо македонско оро, се погрижи музичкиот состав “Крушево 903” чии членови исто така дојдоа од Македонија за заедно со нашите во Холандија да ја ублажат носталгијата преку познати македонски патриотски песни.

Гости беа присутни и од Црковната општина “Свети Ѓорѓија Кратовски” од Хамбург, соседна Германија, и претседателот на истата, господинот Момчило Коцев
и македонскиот фудбалски интернационалец Миле Крстев.

Вечерта беше во целосен македонски амбиент, а Здружението и Црковната општина се погрижија и направија голема промоција на македонски производи од познатата компанија на Џон и Саскиа Тодоровски, “Products of Macedonia”.

КРАЈОТ

Велигденската прослава на 14 април 2002 година (De Wijert) е всушност последна активност на црковната општина и културно друштво “Св.Стефан” од Гронинген. По овој верски собир во двете споменати управи настануваат превирања, со што згаснува било каква активност и желба да се одржи управата во истиот состав, уште помалку да се оствари ветената изградба на црква.

ПОВТОРНА ИНИЦИЈАТИВА

Македонската заедница во Холандија во втората половина на 2004 година ги презеде активностите околу возобновување и одржување на континуитетот на она што беше започнато на духовен план во Гронинген. Се донесе одлука црковната општина да биде преместена во централен Утрехт за што беа преземени сите активности околу информирање на Синодот на МПЦ и кабинетот на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство митрополитот европски г. Горазд. Во преодниот период со МПЦО “Св.Стефан” раководеше “привремен иницијативен одбор” со седиште во Утрехт кој го задржа истото име на црковната општина со цел да се зачува континуитетот кој беше започнат во Гронинген..

Привремениот иницијативен одбор на МПЦО “Св.Стефан” свика црковно народен собир на 18 декември 2004 година во гратчето Хендрик Идо Амбахт на кој собир е одлучено да продолжи црковното организирање на Македонците во Холандија и прослава на Христовото раѓање Божик на 7 јануари 2005 година.

НОВО РАЃАЊЕ

По повод 2005 години од Христовото раѓање, привремената  црковна управа на МПЦО “Св. Стефан”
од Утрехт организираше Божиќна литургија за Македонците во Холандија.

И овој црковен собир е објавен во македонскиот светски неделник “Македонско сонце” од авторот Гоце Дуртаноски кој го пренесуваме во целост:

9 јануари 2005, Вајдемерен-Хилверсум

По повод Божиќните православни празници и патрониот празник на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Македонската православна црковна општина “Свети Стефан” од Холандија во саботата на 8 јануари о.г. одржа божиќна литургија со која чиноначелствуваше архиерејскиот заменик на Европската епархија на Македонската православна црква, протоереј-ставрофор отец Александар Стојковски во сослужение со ѓаконот Левен Гигевски.

Литургијата се одржа во црквата на Hervormde Gemeente te Kortenhoef  во Вајдемерен, во непосредна близина на Хилверсум и на истата присуствуваа претставници на
Македонската заедница во Холандија, Светскиот македонски конгрес и претставници на македонските клубови и организации во Холандија.

По светата литургија со пригодна реч кон присутните се обратија отец Александар Стојковски, архиерејски заменик на Европската епархија на МПЦ и г.Џон
Тодоровски, претседател на Македонската заедница во Холандија.

Мал концерт на македонска црковна и староградска музика изведе Нена Фишер во придружба на Катерина Пејовска низ звуците од мандолина.

ИЗБРАН НОВ СОСТАВ НА ЦРКОВНАТА УПРАВА

Македонската заедница во Холандија и привремениот состав на црковната управа на МПЦО “Св. Стефан” од
Утрехт организираше прв состанок за избор на раководство на црковната општина.
Македонскиот светски неделник “Македонско сонце” од својот постојан дописник од Европа ја информираше јавноста за овој настан со следниот извештај:

20 февруари 2005, Њувегајн-Утрехт

Со писмен благослов од Неговото исокопреосвештенство митрополитот европски г. Горазд, претседателот и претставници на клубовите членки на Македонската
заедница во Холандија и Светскиот македонски конгрес во неделата на 20 февруари 2005 година во Утрехт се одржа првиот состанок на Македонската православна црковна општина “Свети Стефан” по нејзиното преместување од северна (Гронинген) во централна Холандија (Утрехт) каде е завршено и нејзиното регистрирање.

За претседател едногласно беше избрана г-ца Соња Митриновска, а за секретар г. Ристе Тегов.

Претседателката Митриновска веднаш по изборот ја образложи суштината за дислокацијата на МПЦО
“Св.Стефан” од Гронинген во Утрехт со оглед на фактот што Утрехт е централно место во Холандија со најголема концентрација на Македонци. Привремениот, односно преодниот иницијативен одбор на МПЦО “Свети Стефан” од денес се распушта и преоѓа во управа на  МПЦО “Свети Стефан” за кој чин постигнавме согласност со претходниот состав на црковната управа во Гронинген,
со претставниците на Македонската заедница во Холандија и со Европската епархија на Македонската православна црква со што во континуитет ја исполнуваме
нашата понатамошна заложба за одржување и развој на духовниот, црковен живот на Македонците во Холандија и сите нејзини активности кои досега биле преземени во
таа насока
,” заврши Митриновска.

 

Makedonsko Sonce – MPCO SvetiStefan

Geef een reactie

Het e-mailadres wordt niet gepubliceerd.