Добредојде презвитер Захариј Панов

Македонска Православна Црковна Општина

Свети Стефан

Соопштение

Арнхем, 28 декември 2020

Почитувани верници,

Во недела 13 декември 2020 г. се одржа неформален сосатнок на Македонската Православна Црковна Општина Свети Стефан. Целта на состанокот беше информирање на управниот одбор на МПЦО Свети Стефан и верниците во Холандија за одлуката на Митрополитот Европски г. Пимен со која се поставува Презвитер Захариј Панов за парохијски свештеник во МПЦО Свети Стефан.

На состанокот се одлучи што поскоро и сеопфатно да се информираат верниците и целата Македонска заедница за одлуката на Митрополититот Европски г. Пимен за поставувањето на Презвитер Захариј Панов за парохијски свештеник во МПЦО Свети Стефан

Добредојде во Холандија Презвитер Захариј Панов, ви посакуваме успешна и плодна работа.

За благовремено да бидете информирани за сите случувања следете не на следните страни:

www.svetistefan.nl

www.facebook.com/svetistefan.nl

www.facebook.com/mpco.svetistefan

Се надевам дека сте доволно информирани.

Со почит,

Привремен управен одбор на МПЦО Свети Стефан