Categories:

Ако помислуваш зло за луѓето, значи дека нечистиот дух живее во тебе, искушувајќи те да мислиш и правиш зло на другите.Ако некој умре без покајание, не простувајќи му на братот, душата ќе му отиде таму каде што е и нечистиот дух кој владее со неа.

Таков е духовниот закон- ако простиш, значи дека и тебе Бог ти простил, а ако не му простиш на братот, значи дека и твоите гревови остануваат со тебе.

Господ сака да ги љубиме ближните. Ако мислиш дека Господ секој човек го љуби како тебе, значи дека љубовта Господова е со тебе. Ако мислиш дека Господ многу ги љуби сите Свои созданија и самиот го жалиш секое создание и ги љубиш дури и непријателите, сметајќи се себе си полош од секого, значи дека со тебе е голема благодат од Светиот Дух.

Кој во себе носи барем малку од Светиот Дух, плаче за сите луѓе дење и ноќе и неговото срце жали за секое создание Божјо, посебно за луѓето што не Го спознале Бога или Му се противат, одејќи во огнот на маките. За нив тој се моли дење и ноќе, повеќе отколку за самиот себе, сакајќи сите да се покајат и да го спознаат Господа.

Христос се молел за оние што Го распнувале, велејќи: Отче, проси им, не знаат што прават. Светиот архиѓакон Стефан исто така се молел за оние што го каменувале и барал од Бога да не им го прима тоа за грев. Ако и ние сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за своите непријатели. Ако не го жалиш грешникот кој ќе се измачува во огнениот пекол, во тебе нема благодат од Светиот Дух, напротив, во тебе живее нечистиот дух. Затоа потруди се, додека си жив, преку покајание да се ослободиш од него.

О Пресвета Владичице Богородице, Ти ја гледаш мојата тага: Го разжалостив Господа и Тој ме остави.Ја молам твојата благост, спаси ме, паднатото создание Божјо. Спаси ме, мене слугата твој.

Tags:

Comments are closed