Categories:

Почитувани,

На генералното членско собрание одржано на 7 ми март 2021 година во Ротердам се избра нов управен одбор. Со радост ви ги соопштуваме новите членови на управниот одбор:

Илија Талески – Претседател
Бранко Гошев – Заменик претседател
Љупчо Ѓорчески – Секретар
Петар Толов – Благајник
Ацо Иванов – Контролен одбор
Драган Цонев – Контролен одбор
Стојан Трајков – Контролен одбор
Отец Захариј Панов – Член на управен одбор
Марјан Попов – Член на упавен одбор
Сашко Здравков – Член на управен одбор
Тони Јанев – Член на управен одбор
Милан Толов – Член на управен одбор
Гоце Ѓорѓиоски – Член на управен одбор

Сите беа едногласно изгласани! Им посакуваме успешна и плодна работа.

Новиот претседател г-дин. Илија Талески се обрати до присутните и новиот управен одбор. Во име на новата управа како прво му се заблагодари на г-дин. Ристе Тегов за неговата долгогодишна работа како претседател на црковната општина и му посака се најдобро во неговите идни чекори.

Исто така во кратки рамки ја објасни неговата визија за црковната општина и целите кон кои таа се стреми. Време е за нови луѓе со нова визија за иднината на црковниот живот на Македонските православни Христијани во Кралството Холандија

Лесни и благословени Велигденски пости.

Tags:

Comments are closed