Донација за фрески


Почитувани верници, почитувани Македонци во Холандија !
Реновирањето на нашата црква во Россум напредува понатаму. Во моментов работиме на уредувањето внатре, и тoа на мозаиците, иконостасот и фреските.
Особено фреските сега се висок приоритет. Воeдно, со голема радост гледаме дека пристигнуваат многу донации кои се наменети за фреските.

Доколку имате желба и сте во можност да донирате за фреска, тоа можете да го направите преку нашата банкарска сметка, со наведување за која фреска донирате.

Банкарската сметка и понатаму е:
MACEDONISCHE ORTHODOXE KERKGEMSVETI STEFAN
IBAN: NL 06 INGB 0003 0627 84

Срдечно ви благодариме за соработката и за вашата донација, 

Oд иметo на Управниот одбор на МПЦО Свети Стефан Холандија


Во прилог можете да видите кои фрески се сеуште неизработени!
Цената на фреските е 175 евра по 1m²


  • Распетие Христово - 6m²
  • Воскресение Христово - 6m²
  • Причестување на апостолите -  3m²
  • Григориј Богослов - 2m²
  • Јован Златоуст - 2m²
  • Ахил Лариски - 2m²
  • Иларион Мегленски - 2m²
  • св. Петнаесет Тивериополски маченици - 2m²
  • Агатангел Бутолски - 2m²
  • св. Варвава - 2m²
  • св. Злата Мегленска - 2m²
  • св. Антониј Велики - 2m²
  • св. Јоаким Осоговски - 2m²
  • св. Прохор Пчински - 2m²
  • св. Гаврил Велички - 2m²
  • св. Марија Египетска - 2m²
  • св. Гаврил Лесновски - 2m²
  • св. Андреј - 2м2
  • св. Јаков Заведеев - 2m²
  • св. Јован - 2m²
  • св. Филип - 2m²
  • св. Вартоломеј - 2m²
  • св. Тома - 2m²
  • св. Матеј - 2m²
  • св. Јаков Алфеев - 2m²
  • св. Тадеј - 2m²
  • св. Симон - 2m²
  • св. Матија - 2m²
  • св. Павле - 2m²