За нас

Македонската Православна Црковна Општина „Свети Стефан“ е основана на 5ти март 1999 година во Гронинген (Groningen). На 7ми февруари 2005 година, црковната општина се пресели во Утрехт (Utrecht).

Активностите на црковната општина се насочени кон обезбедување духовна и пастирска поддршка и се што оди со неа и во согласност со желбите на членовите на црковната општина. Активностите на црковната општина ги служат и јавниот интерес. Нашата црковна општина е здружение!







Мисија и визија


Нашата мисија е да го создадеме и одржиме единството помеѓу парохјаните, помеѓу сите Македонци во Холандија, со обезбедување духовна и пастирска поддршка и се што оди со неа, креирање активности и услишување на потребите на членовите на црковната општина и на сите мирјани/верници Македонци во Холандија. Понатаму нашите стремежи се движат во правец на негување на културното и јазично обединување на Македонците во Холандија. Оттаму ние сите заеднички, сите ние Македонците, сме одговорни за успешно функционирање на нашата црковна општина, секој Македонец е драг и добредојден, и никој не смее и нема да биде дискриминиран по ниту еден основ.

Цели


  • Нудење можност на верниците да се соберат неделно, да слават празници и да учествуваат на богослужбите на Македонската црква
  • Стекнување, изнајмување или купување и одржување на зграда или згради кои се потребни да ги извршуваме нашите активности 
  • Соработка со други православни (и други) цркви како и хуманитарни агенции и
    организации
  • Развивање на верските активности кај верниците
  • Обезбедување образование и пастирска грижа за членовите на Македонската Православна Христијанска општина, за подобрување на личните и меѓучовечките односи во Холандското општество
  • Опремување на Христијаните за пастирска служба преку конференции за предавање и обука и промовирање на знаењето за Православната вера


Принципи


  • Транспарентност и одговорност (јавност, отвореност, отчетност)

 

Запознај се со нас

Управен одбор

Отец