Македонската православна црква-ОА нема генерална политика на унифицирање на цените за верските услуги, туку епархиите сами ги утврдуваат ценовниците. Тоа значи дека секоја епархија на МПЦ има различен тарифник за крштевки, венчавки и за погреби.
Таксата што се плаќа за крштевка или за венчавка служи за расходите на храмот во кој се извршува светата тајна. Од тие пари свештеникот зема само одреден процент. Парите што се даваат за крштевка или за венчавка се прилог за црквата, односно за верската заедница каде што припаѓа верникот.
,,Не се наплаќа на сиромашни и повеќедетни семејства''
Тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.
Цени за верски обреди
– крштевка 4.000 денари – венчавка со еден свештеник 7.000 денари – погреб 3.000 денари